Божиновски направи скандал во судница

Судницата е лудница, а вие сте претставник на злосторничко здружение, и се обрати на судијката Ленка Давитковска , новинарот Зоран Божиновски, против кого обвинителството води процес за шпионирање.

Тој смета дека предметот против него е политички монтиран и претставува прогон нарачан од Никола Груевски,а креатори се Сашо Мијалков и Тони Јакимовски, лица кои се осомничени и обвинети за најтешки дела против Република Македонија, рече Божиновски.

Според него, во неговиот линч е вклучен и Љупчо Андоновски кој беше сменет од директорското место во Бирото за јавна безбедност. Божиновски како извршители ги посочи Гордана Јанкулоска, Марко Зврлевски и Лиле Стефанова, обвинителката која сега е дел од тимот СЈО.

Божиновски два часа зборуваше пред судот, како дел од својата одбрана, но притоа заради грст навреди и квалификации кон судијата, личности, и судот воопшто беше казнет со 2000 евра.

Зоран Божиновски се товари за шпионажа, уцена и злосторничко здружување како дел од случајот „Шпион“.

Следното рочиште е закажано за 9-ти декември, а како сведоци треба да се појават бизнисменот Минчо Јорданов, Ванчо Шехтански и Димитар Димовски.

Во обвинението стои дека Новинарот преку свој сајт рекетирал бизнисмени и политичари, меѓу кои и Минчо Јорданов.