Претседателот на судиската организација на ФФМ, Емил Божиновски во изјава за сајтот gol.mk потенцира дека судијата зад голот на Шкендија , Дарко Стојчевски не ја проценил добро ситуацијата.

Филип Најдовски постигна прекрасен гол против Шкендија на вчерашното дерби со шут од далечна, топката од пречката се одби во голот и заврши зад гол линијата но судиите тоа не го видоа.

„Ние како ФФМ направивме се во случајов, имаше петти судија зад голот. А, зошто тој не го проценил тоа, не е јасно. Негово оправдување можеби е дека е силен ударот на Најдовски, но за тоа ги ставаме судиите и затоа држиме едукација, за тие да може да ги проценуваат овие моменти на натпреварите. Секаде низ Европа се случуваат вакви ситуации, како низ првенствата, така и во ЛШ и ЛЕ, но ние затоа имаме поставено судии позади гол и проценката мораше да биде подобра“, изјави Божиновски.