Болест наречена статуи и споменици

Нови статуи се надвиснаа од новата зграда , се уште во изградба, наменета за Државен завод за ревизија.

На несоодветно избраната локација за зграда од ваков габарит, па уште барок, петте статуи делуваат застрашувачки.

Никој не знае кого тие претставуваат, но всушност тоа и не е важно бидејќи хиперпродукцијата на споменици и статуи низ централното подрачје на Скопје, ја губи смислата, но из начењето на споменично одбележување на значајни личности од историјата.

Новата зграда на ДЗР се наоѓа во соседство на Никола Груевски, кој со семјството и неговата мајка живее во зградите преку патот од новоизградениот барок.

Зградите се наоѓаат во општина Кисела Вода.