Болницата во Нови Пазар преполна, дете прима инфузија пред задниот влез на детското одделение

Ситуацијата со корона вирусот во Нови Пазар и Тутин е сѐ уште многу тешка. Утрината за Прва ТВ, министерот за туризам Расим Љајиќ изјави дека од 2 јули до денеска само во овој град во нејзината болница починале 35 луѓе од корона вирус, меѓу кои и негов близок пријател.

Тој кажа дека во Тутин во истиот период починале 11 пациенти, но, како што рече, тоа се само официјални бројки. Тој смета дека има многу што починале во домашни услови и воопшто не стасале до болница и не биле регистрирани како ковид позитивни.

Фотографијата која е објавена на Твитер, а на која се гледа како дете седи на столче пред скалите од задниот запуштен влез на детското одделение и прима инфузија, е автентична, потврди Мирсад Ѓерчек, координатор на општата болница во Нови Пазар.

Тој најави казни за оние кои дозволиле ова да се случи.