Бомбаш самоубиец директно погоден со ракета (видео)

Сириските демократски сили објавија видео од уништување на бомбаш самоубиец со ракета, откако со автомобилот се упатил кон нивната заседа во во пограничната област Рака, каде курдските борци се обидуваат да ја вратат контролата.

Во напнатото видео се гледа дека првиот проектил ја промашува целта, но веќе при вториот обид автомобилот бомба експлодира во снажна експлозија.

Снимката е објавена во екот на борбите, додека се уште трае преземањето на местото од рацете на ИСИЛ.

 

 

 

Од почетокот на акцијата на курдските борци, припадниците на ИСИЛ користеле бомбаши самоубијци во 5 наврати.