Бонева за 6 месеци зела 12 000 евра патни трошоци

Силвана Бонева член на ДИК и поранешен координатор на пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, зела 12000 евра за патни трошоци за доаѓање на седници на Државна изборна комисија и тоа само за првите 6 месеци од годината.

Како што објави Алсат-М, пресметано излегува дека таа месечно зема по 2000 евра за патни трошоци и плус 1000 евра редовна плата. Сите членови на ДИК заедно зеле 25 000 евра надомест за патни трошоци.

-Силвана Бонева-12000 евра
-Атанас Урумов -6800 евра
-Бедредин Ибраими-3000 евра
-Субхи Јакупи -2000 евра
-Реџеп Прекопуца 500 евра
-Игор Милев 370 евра
-Александар Чичаковски 150 евра
-Виолета Дума 0 евра
-Сашо Срцев 0 евра

Бонева изјавила дека се е исплатено според закон.

Инаку таа и претходно беше на удар на јавноста кога се обелодени дека како пратеник само за една година за патни трошоци зела 23000 евра!

Извор: Алсат-М