Борисов не се двоеше од Брнабиќ на самитот во Сараево

По острите зборови што си ги упатија Белград и Софија поради изјавата на бугарскиот премиер дека новиот шеф на комисијата за надворешна политика на ЕУ треба да ја следи политиката на признавање на Косово на унијата, а не на неговата земја Шпанија, Бојко Борисов во Сараево на секој чекор манифестираше помирување со српската премиерка.

На заедничката фотографија Борисов ја прегрна Ана Брнабиќ.

Борисов и Брнабиќ заедно разгледуваат нешто на мобилниот телефон.

Бојко Борисов и Ана Брнабиќ разгледуваат нешто на мобилен, до нив Пендаровски ѕирка

Бојко и Ана цела вечер на приемот беа еден до друг.

На Самитот на кој главна тема е Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Сараево, присуствува и македонскиот претседател, Стево Пендаровски.

Целта на иницијативата е преку јакнење на добрососедските односи и мирот во регионот да се овозможи побрзо придвижување кон ЕУ и НАТО.

Покрај лидерите од регионот, на Самитот присуствува и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.