Борис Трајковски-Претседател кој доби аплауз од новинарите(видео)

Претседателот Борис Трајковски во 1999 година беше заменик на министерот за надворешни работи. Во тоа време се одвиваше најголемата бегалска криза на овие простори, кога во Стенковец веднаш до границата со Косово, кај Блаце, беше организирано најголемото прифатилиште на бегалци од Косово. Република Македониоја се соочуваше со најголемиот бегалски бран воопшто и одржувањето на стабилноста и мирот, како обезбедувањето сместување и храна на преку 200.000 бегалци, што беше исклучително тешка мисија. Редовни прес конференции држеше токму Борис Трајковски како заменик министер за надворешни работи. Во еден момент, еден од странските новинари праша зошто Македонија се однесува така со бегалците, потпирајќи се на некои изјави од бегалскиот камп дека земјата не прави доволно и не се грижи за тие луѓе. Трајковски го даде одговорот, кој подоцна му ја одбележа неговата кариера , но и живот. Доби аплауз од новинарите од македонските медиуми:

Во декември истата година, 1999, Борис Трајковски стана вториот Претседател на независна и самостојна Република Македонија.

Загина на 26 февруари 2004 година во авионска несреќа крај Мостар, во местото Ротимље.

АКО.мк