Борис Џонсон им се обрати на Британците по излегувањето од болница со посебна благодарност за докторите(видео)

По една недела помината во болница во Лондон откако коронавирусот не слабеешe во домашни услови, британскиот премиер, Борис Џонсон им се обрати на Англичаните со порака за благодарност . Тој искажа огромна благодарност до докторите и медицинскиот персонал што се грижел за него. Рече дека ќе им биде благодарен до крајот на својот живот. Ги именуваше по име докторите и медицинските сестри.

,,Тешко е да се најдат зборовите за да ја искажам својата почит кон персоналот на NHS, кои го спасија мојот живот.

Заложбите на милиони луѓе низ целата земја да останат дома, вреди. Заедно ќе го надминеме овој предизвик, бидејќи во минатото надминавме толку многу предизвици“-рече премиерот Џонсон.