Борис Џонсон освои апсолутно мнозинство на изборите

Конзервативниот лидер и актуелен премиер на Велика Британија, освои историска победа на предвремените парламентарни избори.

Конечно тој доби комотна предност пред лабуристите, со што уште полесно ќе го спроведе својот план за Брегзит.

Овој своевиден референдум за Брегзит, му обезбеди апсолутно мнозинство во Долниот дом на британскиот Парламент, а Џонсон им порача на сопартијците во електронска порака дека мисли дека конечно може да почнат да слават.

Џереми Корбин претрпе историски пораз, а Лабуристичката партија освои ,,само“ 203 изборни единици од 650.

Џонсон може да се надева на над 360 мандати.

Сега со сигурност може да се очекува излегување на Велика Британија од ЕУ до 31 јануари, пишуваат британските медиуми.

Извор:агенции, фотоАФП