Босанката Алма Задиќ е именувана за Министерка за правда во Австрија

35 годишната Алма Задиќ, која во деведесетите години од минатиот век со родителите ја напуштила родната Тузла бегајќи од граѓанската војна во Босна и Херцеговина, е именувана за Министерка за правда во новата коалициска влада на мандатарот Себастијан Курц.

Оваа вест на својот Твитер налог ја објави претседавачкиот член на Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

,,Уште една успешна, млада и образувана Босанка е препознаена во светот кој знае да цени квалитет. Да станеш Министерка за правда во Австрија на 35 години е огромен успех и признание. Браво Алма Задиќ“, напиша Звиздиќ.

View image on Twitter

824:27 PM – Jan 2, 2020Twitter Ads info and privacySee Dr Denis Zvizdić’s other Tweets

Алма Задиќ во 1994 година со родителите од Тузла избегала во Виена, каде завршила правен факултет, а потоа студирала на Колумбија Универзитет во САД.

Кога се вратила од Америка 7 години работела како адвокат.

Задиќ е најмладата министерка за правда во историјата на Австрија.

Извор:Н1