Бочварски и Спасовски ја пресекоа пастрмалијата

Со заедничко сечење на големата пастрмалија, синоќа во Штип министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и градоначалникот, Благој Бочварски, го означија почетокот на 13-то издание на манифестацијата штипска „Пастрмалијада“.

И оваа година главни музички ѕвезди се оние од соседството.

Вчера, петок беше резервиран за штипски артисти со групата Кентаур,Arre brothers band и завршната точка ја има Нокаут и Игор Џамбазов.

Во сабота(21.09) ќе настапуваат Мартинијан Кириловски и Антонија Гиговска и како главна ѕвезда Цеца Ражњатовиќ.Во недела(22.09) почнуваме со No End,Викторија Лоба,Tropico ban

Во недела ,,Пастрмалијадата“ ќе заврши со пејачката од Хрватска Данијела Мартиновиќ.