Бошњаци кои живеат во Истанбул победата на Имамоглу ја славеа со песна од Нада Топчагиќ(видео)

Уште трае славењето во Истанбул на големата победа на опозиционерот , Екрем Имамоглу, кој стана градоначалник со поубедлива победа над претставникот на АКП партијата на Ердоган, отколку на претходните поништени избори.

На социјалните мрежи се појавија снимки како Бошњаци кои живеат и работат таму, ја прославуваат победата.

Едни со песна од Нада Точагиќ, други со оро, пренесува српски Блиц.

Снимките се поставени на Твитер.

Инаку, пејачката на народна музика Нада Топчагиќ е по потекло од Модрича и нејзиното целосно име е Сенада. Таа живее и работи 40 години во Белград.

Во Истанбул пак, има бројни иселеници од просторите на бивша Југославија, Бошњаци и Турци, кои се преселени во изминатите педесетина години со своите семејства.

Фото: Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу со семејството