Бојан Јовановски поради лоша здравствена состојба не може да го следи судењето за ,,Рекет“

Денеска со задоцнување од 45 минути започна судскиот процес за случајот ,,Рекет“.

Првоообвинетиот Бојан Јовановски поради влошена сосотојба беше спроведен со задоцнување во судница.

Тој на судијата му се пожали дека не е во состојба да присуствува на судењето.

„Состојбата не ми е добра, од сабајле 10 пати повраќав. Затворскиот доктор рече дека не сум во состојба да го следам судењето, но јас инсистирав да дојдам за да не го избегнувам судскиот процес. Но, не сум во состојба активно да учествувам“ – рече Јовановски, пренесува ТВ 24.

Оваа телевизија објави видео од спроведувањето на Јивановски, на кое се гледа неговата истоштеност.

Во судницата навреме беа спроведени поранешната јавна обвинителка, Катица Јанева и Зоран Милески, кои се второ и третообвинети во случајот ,,Рекет“.

Обвинението за ,,Рекет„ е базирано на тајните видео и аудио снимки што ги направи во својот дом Орце Камчев. Тој сега е сведок соработник и така го избегна обвинението за давање мито.