Бојан Јовановски спроведен во истражен затвор на 30 дневен притвор

Судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на Бојан Јовановски, неформален сопственик на 1ТВ, осомничен дека изнудувал рекет од познат бизнисмен за да посредува преку обвинител од СЈО во судски процеси кои се водат против него.

Јовановски беше уапссен на граничниот премин Богородица, сспоред некои медиуми, при обид да ја напушти државата и да избега.

Јавно обвинителство на прес конференција соопшти дека се води истрага за две лица кои се сомничат дека сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ по чл.359 ст.7 во врска со ст.3 во врска со ст.2 во врска со чл.22 од Кривичниот законик, а едно од нив е осомничено и за кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од Кривичниот законик.

Во текот на вчерашниот дена му беше одреден притвор и на второосомничениот Зоран Милевски.

Полицијата на барање на обвинителство од Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева одзеде мобилен телефон за вештачење. Имено, таа се спомнува како обвинителот чие влијание го користел Јовановски.

Тој изнудил 1 и пол милион евра од бизнисменот, а побарувал 8 милиони, но подоцна ја спуштил сумата на 5 милиони евра.

Обвинителството истрагата ја започнале на почеткот на мај годинава, кога рекетираниот бизнисмен поднел кривична пријава до ЈО.