Режисерот на филмот ,,Ругање со Христос“, објави дека  советникот на министерот за култура, актерот Висар Вишка, на неговиот ФБ профил неколку дена пред да се случи, најавил дека ќе  се врши инспекција во неговата продукциска куќа:

,,Завчера на фејсбук Висар Вишка, инаку советник за култура на Министерот Адеми, објави дека ми пратиле инспекција во продукцијата! Онака како што најавив во интервјуто на Алфа. Ме разочаравте. Дури и УДБА била п креативна. Вака испадна, ептен предвидливо! До час.

Иако министерството за култура нема апсолутно никакви ингиренции над мене и моето работење, сепак тие се добродојдени кај нас. Нашата продукција според изјавата од пред неколку месеци на директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија е пример за добра практика и домаќинско работење, па инспекторите кои, сега е сосема јасно дека ги пратил советникот Висар Вишка, ќе можат да увидат што и како се работи, и тоа знаење да го пренесат и на другите! Но, прашањето е, прво: каква работа има советникот за култура на министерот Адеми по фејзбуци да објавува за тоа во која приватна фирма каква инспекција има!? И, второто и пострашното. Советникот за култура Висар Вишка на иститот тој фејзбук најави Пријава на Јавното Обвинителство против мене за предизвикување меѓунационална нетрпеливост. Маските паднаа

Актерот од МНТ Висар Вишка е културно-уметничкиот доктор Менгеле кој со вкрстување на законски дозволени идеи и проекти, во Македонија ќе произведе вистинита и чиста ариевска уметност која ќе ги изразува особеностите на заедничкото живеење во државата Европска Македонија!

Каков национал-социјализам! Значи, според објавеното на Фејсбук, ако Висар Вишка знае на 13 ти Септември дека на 17 ти истиот месец во приватна фирма ќе има инспекција, логично е да се претпостави дека тој знае и за пријавата на Јавното Обвинителство која постои, а ние не знаме, а за која тој уште завчера најави дека ќе се случи!

Значи ли тоа дека актерот Висар Вишка од позиција на советник, седи во кабинетот на Министерот за култура, составува комисии, праќа инспектори и пишува пријави, кои Јавното Обвинителство само формално подоцна ќе ги потпише и објави во свое име?!

Прашувам, овојпат за себе, со време да си го спремам торбичето. Господо, бољшевистички камаради уметничари: можете да праќате инспекции, да се заканувате и поднесувате пријави пред сите ваши обични и необични Јавни Обвинителства, да ме заплашувате дека следната недела ќе ме уапсите, па дури и тоа дека ќе ме убиете! Ич, ама ич не ви се плашам! Еднаш ви кажав, сега да ви прекажам: премногу тврд орев сум за вашите катни заби! Јас сум партизанско дете. Немам право заради моите предци да попуштам и потклекнам пред тиранска сила и неправда. Против фашизам јас се борам! СМРТ НА ФАШИЗМОТ! СЛОБОДА НА УМЕТНОСТА!“-напиша Бојаџи, чиј филм е предмет на цензура првин на Министертсво за култура и Агенција за филм, а подоцна таква порака испрати и премиерот Заев.

Висар Вишка одговори:

,,Иако се знаеше дека ќе предизвика голем гнев и омраза, упорно советував да не му се направи реклама на злобен филм. Но поради големиот гнев што го предизвика и големиот одек по сите новини и портали и вон Македонија каде навредената страна ги поистоветуваа сите македонци со вакви злосторници во најскапата уметност, и го обвинуваа и министерството кое немаше никаков удел во ова, одлучија да реагираат за да ги смират страстите, покажувајќи дека токму македонски рецензенти неколку години по ред напишале лоши рецензии за сценариото со насока да не се финансира. Како помина? Тоа ќе покаже комисијата нели.

Иако цел живот се пазам да не влезам во лош филм, некој упорно се труди да ме внесе во својот лош филм. Моето име да го користи за рекламирање на својот филм.

Намалете со лаги и клевети. Навистина сакам да се занимавам со убави работи а не да ве влечкам по судови.

Сакам да го поминам секој миг кон подобрување на светот. Тоа сакам да биде мој белег во овој свет“-пишува Вишка, советник на министерот за култура, кој во провокативна поза се сликал со албанското знаме за време на државна посета..

ФОТО: (Висар Вишка, советник на министерот и министерот за култура Асаф Адеми сликани со албанското знаме во Тирана за време на официјалната посета на 7 септември)