Бразилскиот претседател се зарази од болеста што не ја признаваше

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, е заразен од корона вирус. Тој изминатиот период ја игнорираше оваа болест, одбиваше да носи маска, да држи дистанца, да спроведе мерки за заштита на граѓаните и ја нарекуваше обичен грип.

Од вчера е виден како носи заштитна маска, а денеска се објавени резултатите дека е позитивен на Ковид 19.

Сега за Си-Ен Ен вели дека очекувале дека кога тогаш сите ќе се заразат и предупреди никој да не му приоѓа.