Бразилски полицаец го убил грчкиот амбасадор

Бразилската полиција соопшти дека нивен колега, полицаецот Серхио Гомеш Мореира Фило признал дека го убил грчкиот амбасадор во Бразил  Киријакос Амиридис , јавува “Би-Би-Си”.

Полицијата во Рио де Жанеиро во изгорен автомобил го пронајде јагленосаното тело на амбасадорот, а подоцна полицаецот признал дека со повеќе убоди со нож го усмртил несреќниот амбасадор . Потоа го запалил автомобилот и сето тоа заради љубовната афера што ја имал со неговата сопруга.

Исчезнувањето на Киријакос Амиридис во понеделникот го пријави токму неговата сопруга. Амиридис бил женет за Бразилката Франсоаз Амиридис,која го испланирала убиството со нејзиниот љубовник. Откако тој го убил во изнајмената куќа каде биле на одмор, го ставил во изнајмениот автомобил и подоцна 50 километри од летувалиштето го запалил.