Братот на DJ Ицко кој почина од Ковид 19, даруваше крвна плазма

„Дарував крвна плазма во спомен на мојот брат Ристо Меловски – ДЈ Ицко, кој ја загуби битката со ковид-19. Решен сум да помогнам на сите оние кои во овие моменти имаат потреба од помош. Очекувам повик и за второ дарување бидејќи имам многу антитела. Како крводарител и хуман човек се надевам дека ќе го следат мојот пример за да ја победиме оваа болест“, вели Владимир (45), излекуван пациент од коронавирус.

Ристо Мелоски познатиот ДЏ Ицко, почина од Ковид 19 кон средината на јуни.