Брегзит се одложува до 31 октомври

Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел донеле одлука за одложување на излегувањето на Обединетото Кралство од Унијата до 31 октомври оваа година. Дополнителна проценка ќе се направи повторно во јуни, објави Ројтерс повикувајќи се на добро информирани извори.

Британската премиерка Тереза Меј беше во Брисел на средба со лидерите на земјите членки на ЕУ , каде побара уште едно одложување.

Претседателот на ЕК, Доналд Туск ја потврди оваа информација на Твитер, но не го прецизираше договорениот датум.