Бремената Јелена Ѓоковиќ ќе му биде поддршка на Новак од трибините во Монте Карло

Сопругата на еден од најдобрите тенисери во светот Јелена Ѓоковиќ, која е бремена, најверојатно со близнаци како што објави таа порано, се наоѓа на трибините во Монте Карло за да го бодри Новак. Тој вчера одигра тежок меч протов Жил Симон, но на крајот успеа да победи. Но, се чини фоторепортерите овојпат беа преокупирани со Јелена, која, како што пишуваат странските медиуми, одлично изгледа и во својата втора бременост. Новак и Јелена го имаат двегодишниот син Стефан, а сега во септември треба да добијат близнаци и нивното семејство ќе се прошири уште за два члена.

Семејството Ѓоковиќ живее во Монте Карло и нивниот дом се наоѓа во непосредна близина на тенискиот терен каде што се игра турнирот.