Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац изјави дека го радува менталната стабилност на екипата, се зависи од нас и првото место ќе го освоиме ако одиграме победнички против Турција и Грција.

„Мечот во Скопје за нас има позитивни и негативни работи. Позитивните се дека докажавме дека можеме да се вратиме во игра. Ракометарите без разлика на стари и млади покажаа ментална стабилност. Да бидам искрен тоа мене ме радува. Сè уште сме во игра за првата позиција. Среќен сум на овие три бода, бидејќи пред мечевите со Исланд бевме во тешка ситуација, а сега сè е во наши раце. Ако одиграме добри натпревари против следните два противника, Турција на гости и Грција дома, првото место во групата е наше“, изјави Брестовац .