Брза помош оставена да чека на семафор заради спроведување на делгација(видео)

,,На социјалната мрежа ФБ се појави видео од кое се гледа дека полицаец , кој регулира сообраќај на семафор, и дава предност на некаква функционерска делегација, иако возило на Брза помош, нестрпливо чека да помине, пробивајќи се низ блокираната крстосница.

Во еден момент Брзата помош самоиницијативно тргнува, најверојатно заради ургентност, па полицаецот е приморан да ја пресече колоната со делегацијата и да го пропушти возилото.

,,Кој има предност? Дали е поважна делегацијата или нечиј живот“-се само некои од коментарите по објавувањето на оваа снимка.

Но, секако има и такви нестрпливи, гражани кои чекаа да го искористат  моментот и да поминат.

ФБ Александар Целески