Британскиот Врховен суд пресуди дека пратениците мора да гласаат за Брегзит

Во Врховен суд на Велика Британија меѓу врховните судии преовлада мислењето дека пратениците мора да гласаат пред да се  покрене член 50 за излегување на Велика Британија од ЕУ. Оневозможувањето тие да се изјаснат за ова е недемократски чин, сметаат врховните судии.

Од друга страна, владата на Тереза Меј смета дека има овластување да го покрене Брегзит и без парламентот. Меј се обидела да лобира за ова во Врховниот суд , меѓутоа судиите со големо мнозинство 8 спрема 3 гласови, изгласаа дека за ова мора прво да се изјасни британскиот Парламент.