Британскиот Парламент има обврска да ја разгледа петицијата потпишана од над еден милион граѓани

Велика Британија е на нозе по одлуката на премиерот Борис Џонсон и Кралицата за времена суспензија на работата на Парламентот заради Брегзит.

Над 1.100 000 граѓани ја потпишаа петицијата во која бараат да се повлече оваа одлука.

Сега, парламентарниците според Устав се должни да ја разгледаат граѓанската он-лајн петиција, но со оглед дека им е суспендирана работата, неизвесно е кога ќе се случи ова.

По историскиот преседан на Џонсон, се најавуваат протести ширум Британија.

Премиерот Борис Џонсон донесе ваква одлука за да може без опструкции од опозицијата да ја спроведе одлуката за излез од ЕУ без договор и без поддршка од Парламентот.