Британскиот премиер ја качи ногата на масичка во Елисејската палата

Британскиот премиер, Борис Џонсон, ја предизвика француската и домашната јавност со своето однесување за време на посетата на Елисејската палата во Париз зааа време на разговорот со францускиот претседател, Емануел Макрон.

Тој опуштен и насмеан, ја стави едната нога на масичката што стоеше пред него, шегувајќи се пред снимателите со Макрон додека овој му ги покажуваше предметите во просторијата која ја преуредил по преземањето на функцијата.

Како што пренесува Бета, Борис Џонсон дури и им отпоздравил на снимателите пред да ја напуштат просторијата.

На крајот од разговорите е издадено соопштение дека двајцата политичари имале конструктивен разговор за Брегзит.