Британскиот премиер Џонсон однесен во болница

Десет дена откако му е дијагностициран КОВИД 119, британскиот премиер е однесен во болница, соопштија од неговиот кабинет, пренесува БИ-БИ-Си.

Џонсон има упорни симптоми на коронавирус и по препорака на неговиот лекар, тој ќе продолжи да се лекува во болница.

Тој беше однесен во лондонската болница во неделата навечер со „постојани симптоми“ – вклучувајќи и температура.

Ова е „чекор на претпазливост“ направен по совет на неговиот лекар, се вели во официјалната информација.

Премиерот останува надлежен за владата, но се очекува секретарот за надворешни работи да претседава со состанокот посветен на ситуацијата со коронавирус во понеделник наутро.

Во изјавата, портпарол на Даунинг Стрит рече:

„Ова е претпазлив чекор, бидејќи премиерот продолжува да има постојани симптоми на коронавирус 10 дена по тестирањето позитивно за вирусот“.

Таа додаде: „Премиерот му се заблагодарува на персоналот задолжен за неговата грижа, за целата неверојатна напорна работа и ја повикува јавноста да продолжи да ги следи советите на владата да остане дома и да спаси животи“.