Бркотница и пукање на Партизанска

Пред полноќ (14.11.2016) на булевар Партизански одреди во Скопје се случи тежок инцидент во кој едно лице е тешко рането од друго засега неидентификувано лице, кое со голема брзина избегало од местото на настанот.

До пукањето дошло по претходна бркотница со автомобили низ булеварот во близина на поликлиниката Букурешт, по што откако било пукано, сега ранетиот се превртел во возилото марка Голф.

Очевидци во текот на ноќта пласираа фотографии на социјалните мрежи и раскажуваа дека престрелката била како во мафијашки филмови.

За среќа, никој од случајните минувачи не е повреден.

МВР за денеска најавува повеќе информации.