Бугарија ги присвои и Кирил и Методиј и кирилицата

Бугарија продолжува со негаторската политика и провокациите.

Од денеска со гласање на пратениците, Парламентот на Бугарија донесе одлука дека браќата Кирили и Методиј не се повеќе сесловенски просветители, туку бугарски, а кирилицата е бугарска азбука.

24 мај Софија повеќе нема да го слави како ден на словенската туку како ден на Ббгарската писменост.

Бугарското Собрание денеска го изгласа предлогот на Обединетите патриоти, предводени од партијата на Каракачанов, но и со подршка на ГЕРБ на актуелниот премиер Бојко Борисов.

Во образложението на предлогот , се наведува дека станува збор за сосема природна и логична историска промена, и дека во исто време претставува и начин да се отпочне процес на признавање на кирилицата на ниво на Европската Унија како бугарска азбука.