Бугарија го најави првото вето и ја блокира Македонија на патот кон ЕУ

Ја имаме  првата блокада на патот кон ЕУ, односно на почетокот на преговорите и тоа од Бугарија.

Ова денеска го соопшти премиерот Зоран Заен и рече дека е прекршен членот 2 од Договорот за добрососедство, ние досега не прекршивме ништо.

,,Ова е непријатно чувство. Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин, а денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија. Првиот чекор е блокиран“, соопшти премиерот Зоран Заев по увидот на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар.

Според Заев, во членот 2 од Договорот за добрососедство стои дека Бугарија треба да нѐ поддржува кон патот за интеграција. Бугарската страна треба да го сподели своето искуство, со цел да ѝ помогне на Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и да ја поддржи Македонија за добивање покана за членство во НАТО, согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО. 

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, вчера објави дека Бугарија не може да поддржи почеток на преговорите.

,,Во моето интервју за Радио Белград реков дека во оваа фаза нема начин да се каже да за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Република Северна Македонија за отпочнување на преговорите за влез во ЕУ. Поради надворешниот притисок, нашата позиција не може да се промени. Во наш интерес е Западен Балкан да го следи европскиот пат, но нашата поддршка никогаш не била без услови“-рече таа.