Бугарија ја условува поддршката на Албанија со натамошно асимилирање на македонското малцинство во оваа земја

Започнување преговори со само една од двете соседни земји може да има негативни последици не само за другата земја, туку и за целиот регион.

Ова стои како објаснување во Рамковниот документ на Бугарија , со кој практично испорачаа услови за поддршка на Македонија и на Албанија на патот кон ЕУ.

За Албанија како главен услов е да има ,, реален напредок на понатамошните чекори за зачувување на правата на бугарското национално малцинство во Албанија“.

,, Очекуваме усвојување на подзаконски акти за спроведување на Законот за малцинства и очекуваме максимално да бидат загарантирани правата на бугарското национално малцинство, вклучително и образованието, без поставување административни бариери, потоа учебници на литературниот бугарски како мајчин јазик во регионите традиционално населени од нив, како Голо Брдо , Гора, Преспа, Корча, Кукс, Елбасан, но секаде и на друго место во Албанија каде живеат. Очекуваме, исто така, пописот на населението да се спроведе според највисоките европски стандарди и да се прецизира вистинската етничка припадност“- се вели во Рамковниот документ на Министерскиот совет на Бугарија, кој е прифатен и од Парламентот.

Бугарската држава со години применува методи на асимилација на македонското малцинство во Албанија, преку делење бугарски пасоши, за што Македонците се изјаснуваат како Бугари и се откажуваат од македонската етничка припадност.