Бугарија ќе даде поддршка Македонија да добие датум за преговори, но со низа услови во текот на преговарањето

Советот на министри на Владата на Бугарија, донесе одлука да даде зелено светло за старт на преговорите на ЕУ и Република Северна Македонија. Истатата одлука важи и за Албанија.

Но, во рмаковниот документ е назначено дека Македонија ќе мора да исполни низа услови, за да може успешно да ги затвори преговорите за сите 35 поглавја со ЕУ.

Ова се наведува во Рамковната одлука на Советот на министри, што ќе биде изгласана во Националното бугарско собрание.

Условите се: прекинување на јазикот на омраза кон Бугарија и Бугарите, признавање на резултатите од работата на историската комисија и историска вистина, отстранување на навредливиот јазик од табли и историски места, прекинување на побарувањата за признавање на македонското малцинство во Бугарија.

Пристапот на Бугарија ќе биде пресвртница: доколку Македонија ги исполни условите, ќе бидат свикани меѓувладини комитети, чии состаноци ќе зависат од поддршката на Бугарија во преговорите, се вели Рамковната одлука.