Натпреварот во Софија меѓу Бугарија и Англија, кој заврши со победа на гостите од 6-0, беше два пати прекинуван поради расизам и нацистички поздрави, пишува порталот dribling.mk.

Првиот прекин се случи во 28 минута при водство на Англија со 2-0 на „Васил Левски“ стадионот, Тајрон Мингс му укажа на судијата од Хрватска, Иван Бебек, дека од трибините доаѓаат расистички пораки и нацистички поздрав.

Пред крајот на првото полувреме повторно дојде до прекин, по консулатација меѓу судијата Бебек и селекторот на Англија, Герет Саутгејт, натпреварот продолжи.

Англичаните се згрозени од расистичкото однесување на навивачите од Бугарија, ова е „дувло на фашисти и расисти“, се нивните коментари.