Бугарскиот боксер, Исус Величков, почина за време на борбата со Адрит Мурја на турнирот „Скадар боксинг најт“-пренесува порталот Дриблинг.мк.

Величков примил неколку удари во континуитет во петтата рунда, по што паднал. Медицинските екипи веднаш интервенерирале, но не успеале да го освестат боксерот. Тој е пренесен во болница каде била констатирана смрт.

Неофицијално, Величков починал од срцев удар.