Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски фатен со 1,5 промили алкохол во крвта

,,Се срамам“.

Вака го коментираше наодот на полициската рутинска контрола, бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски.

При рутинска проверка кај Џамбаски се најдени 1,5 промили алкохол.Тој сега ги очекува резултатите од крвта, а потоа ќе објави како ќе постапи.

Во саботата спроти неделата во полициска контрола во Самоков, кај европратеникот Ангел Џамбаски се регистрирани покажа 1,5 промили алкохол во издишаниот воздух.

„Добив тест на крвта и сега чекам резултат. Јас и помогнав на полицијата. Мојот чин беше неразумен и неодговорен. Особено во време кога луѓето умираат на патиштата. Вакви работи не треба да се прават. Не само што ми е жал, туку се срамам. Некогаш се мисли: „Што значи уште една чаша?“, „Што значат 50-100 метри?“, „Никој нема да ме спречи“. Одлична работа! И добро е што всушност не стана голема работа. Сега јавното понижување е заслужено. Јас сум виновен, но не би било важно, дај Боже, да не станеше нешто лошо, а што ако се случеше нешто непоправливо што не можам да го вратам“-вели Џамбаски во изјава за Actualno.com.

Тој очекува казна, а веќе се бара оставка од него.

Ангел Џамбаски е познат по острата реторика во јавноста и во Европаралментот кон Македонија и често го негира нашиот македонски јазик.

Тој исто така спроведува долгорочна кампања на бугаризирање на Македонците во Пустец и Голо Брдо, во Албанија.

Извор: агенции

АКО.мк