Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ги повикува камионџиите на протест во Брисел

Бугарските и романските европратеници организираат проетест на возачите на товарни возила од овие земји низ Европа, на 10 јануари пред седиштето на ЕУ во Брисел.

Според бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, така наречениот економски пакет ,,Макрон“, е погубен за бугарските транспортери, а францускиот претседател сака да ја укине идејата за слободен пазар во Европа. Тој исто така обвини дека Макрон се обидува да ја украде бугарската работна сила.

,,Трудот на возачите е тежок и неблагодарен. Планот,,Макрон “се обидува да ја укине идејата за слободен пазар.” -изјави европратеникот Ангел Џамбаски  во интервју за БНТ.

,,Бидејќи не можат да ги враќаат возачите на секој месец назад во Бугарија, тогаш тие ја измислија глупоста на секои 4 недели да мора празни камионите да се враќаат назад. Овие камиони треба да се движат празни илјадници километри и да го загадуваат воздухот”, вели Џамбаски.

Државата го поддржува протестот на превозниците во Брисел, според владини претставници, пакетот ,,Мобилност” на Емануел Макрон е  економски ,,Чернобил” за транспортерите.

Европратеници, пратеници, претставници на извршната власт и превозници во Бугарија се согласија дека треба да се обединат против пакетот ,,Мобилност“.

,,Тоа е национална кауза и треба да се потрудиме за да не дозволиме протекционистички, лоби групи да го уништат еден од најдобро платените бизниси во земјата“, изјави шефот на Сојузот на меѓународните превозници Јордан Арабаџиев, кој го иницираше претстојниот протест на бугарските превозници во Брисел на 10-ти јануари.

Тие добија поддршка од министерот за транспорт, Росен Желесков. Според него усвојувањето на законските предлози за пакетот ,,Mобилност” ќе ја поделат Европа.

,,Се воведуваат дискриминаторски, непропорционални и протекционистички правила кои се опасен преседан – се прекршуваат правилата за нормално функционирање на заедничкиот пазар, ги нарушуваат основните принципи за конкурентноста, ограничувајќи ја бугарскиот транспортна бранша да го прави она што го прави најдобро, обезбедување квалитетна транспортна услуга со највисок – најмодерни транспортни возила во ЕУ “, рече тој.

Бугарските транспортери се комплетно ориентирани низ пазарите во Европа. 

Под притисок на транспортните превозници во Германија, Франција и Белгија, донесен е план наречен ,,Мобилност“ со кој се менуваат правилата за транспортерите од други земји кои возат стока во овие земји. 

Бугарскиот пратеник Џамбаски смета дека на овој начин ќе се загрозат 150.000 добро платени места во Бугарија, а 450.000 луѓе ќе тргнат за подобри плати во овие три европски земји кои го издејствуваат економскиот план на Макрон познат како ,,Мобилност“.