Бугарскиот европратеник Ковачев и ГЕРБ на Борисов без поддршка за Силјановска

,,Во рамките на Политичкото собрание на ЕПП во Брисел, се сретнав со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова.

За жал, г-ѓа Силјановска-Давкова ми кажа дека има многу забелешки за Договорот со Бугарија за добрососедство и има поинаков поглед на историјата.

Искрено жалам што негативниот став кон Бугарија, наследен од времето на комунистичката Југославија и зацврстен од Никола Груевски, сè уште доминира во главите на многу луѓе во Македонија.

Поддршката за Договорот со Бугарија, усвојувањето на нашата заедничка историја и запирањето на говорот на омраза против Бугарија, се основен минимум според кој треба секој да се раководи во Македонија, ако ја сака и ја чека нашата поддршка и пријателство.

Ова за мене, и за партијата ГЕРБ, (ставот на Силјановска), е нешто по што тешко ќе дадеме поддршка за овој кандидат!“-напиша европратеникот од партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, Андреј Ковачев.