Бугарскиот европратеник Џамбаски вели дека ,,не би се навредил да го нарекуваат Бугарин од Македонија“

Бугарскиот европратеникот Ангел Џамбаски, денеска им се извини на своите колеги Карима Дели и Исмаил Ертуг, откако тие инсистираа да ја поправи својата изјава дадена вчера и го обвинија за расизам, јави БТА.

Џамбаски беше цитиран во бугарските медиуми дека Карима Дели, претседател на парламентарната комисија за транспорт во ЕК, е „Французинка од од алжирско потекло“, а коавторот на изменетите правила за меѓународен патен транспорт, Исмаил Ертуг – „Германец со турско потекло“.

Коментарот на Џамбаски беше предизвикан поради заложбите на неговите двајца колеги, што доведе до нецелосно одобрување од негова страна, бидејќи измените се на штета на бугарските превозници.

Бугарскиот европратеник Џамбаски изјави дека кога некој се чувствува повреден, тие го имаат неговото извинување.

,,Јас сум Бугарин со корени во денешна Македонија, Србија, дури и во Турција и не би се навредил ако некој ме нарече „Бугарин од Македонија“-изјави Џамбаски.

Откако г-ѓа Дали и Ертуг изјавија дека се чувствуваат навредени, јас им се извинувам, вели Џамбаски.

Сепак, тој смета дека нема оправдување за начинот на кој се наметнуваше скандалозниот пакет за мобилност, навидум за заштита на животната средина.

Според него, овие дискриминаторски политики кон бугарските превозници исто така бараат извинување.

Претседателката на Комисијата за транспорт при ЕК, Карима Дели, вели дека Џамбаски имал право да не се согласува со новите правила за меѓународен превоз.

,,Како претседател на транспортната комисија, јас не ги прифаќам твоите изјави за моето потекло од две причини – прво испраќате расистичка порака и второ – никогаш нема да го премолчам тоа и секогаш ќе одговорам, ваквите зборови не смеат да стана вообичаена практика во ЕУ“- додаде таа.

Инаку, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски има нагласени антимакедонски ставови и води кампања дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Тој исто така, ја предводеше мисијата на побугарчување на Македонците во соседна Албанија, во Мала Преспа и Голо Брдо, како и во Гора на Косово.

Извор: БНТ, агенции