Бугарскиот европратеник Џамбаски смета дека демонтирањето на ,,бугарскиот национален револуционер“ е добра вест

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски е задоволен од дислоцирањето на Андон Ќосето, бидејќи тој неговото поставување пред судот во Скопје го доживеал како навреда.

,,Одлични вести за бугарската кауза во  Македонија. Андон Ќoсето е една од истакнатите личности на ВМРО, заслужен бугарски национален револуционер, докажан бугарски борец. Ставањето на овој споменик беше провокација против бугарската историја. Неговото дислоцирање е спроведување на Договорот за соседство. Браво.“-напиша на својот Фб профил Џамбаски.

Понатаму тој продолжува иронично да коментира:

,,Само Стефан Братанов ми даде одлична идеја. Не е лошо да се побара готовиот споменик и да го инсталираме во Благоевград, на пример. Затоа што тој (Ќосето)умрел таму во 1953 година.„

Џамбаски нуди и повеќе информации за Андон Ќосето на овој линк:

,,Повеќе информации за Andon Kioseto тука – https://goo.gl/doZNcU “
Ангел Џамбаски- пишува бугарскиот европратеник.

Фото: Ангел Џамбаски,европратеник, член на ВМРО-Бугарско национално движење

 

АКО.мк