Бугарскиот историчар Дечев за ДВ: Во Бугарија се замолчуваат неистомислениците за историскиот спор со Македонија

Бугарскиот историчар Стефан Дечев во интервју за ДВ објаснува зошто е песимист дека ќе се реши спорот меѓу Скопје и Софија и укажува дека во неговата земја се замолчуваат сите алтернативни гласови за историски прашања.

Bulgarien Geschichtswissenschaftler Stefan Detchev (privat)
Стефан Дечев, ДВ-приватна архива

Г-н Дечев, на конференцијата во рамките на Берлинскиот процес, премиерите Борисов и Заев демонстрираа заедништво. Во исто време, односите меѓу Софија и Скопје се во криза. Зошто токму сега?

Дечев: Уште откако започнаа разговорите за историјата во Мешовитата комисија, бугарската страна тргна од една погрешна позиција: дека целата вистина е на бугарска страна, а македонската страна речиси треба да ја препише бугарската историја до 1944 година. Од македонска страна имаше некаква надеж дека разговорите за историјата би можеле да поминат. И тоа, во крајна линија, доведе до бугарската Рамковна позиција, како и до видливата решителност на Софија да го искористи точно тој момент- првата меѓувладина конференција во декември и почетокот на преговорите со Северна Македонија- за да се обиде да наметне еден дневен ред кој целосно се приближува до бугарската гледна точка.

Целото интервју на:

dw.com/mk