Бугарскиот претседател Радев го прогласи Илинденско востание за ,,битка на Бугарите од Македонија и Тракија“

,,Илинденското востание е херојски и трагичен венец на бугарското револуционерно движење за слобода и национално обединување.

Со решителност и жртва, без надеж за помош однадвор, Бугарите од Македонија и Тракија станаа во очајна, но достојна битка за правда.

Бунтовниците го испишаа големото кредо на нашата национална револуција – “Слобода или смрт”. Многумина паднаа во борбата затоа што знаеја и прифатија дека нивниот сопствен живот е историска цена на слободата.

Не ја забораваме нивната жртва. Илинден нè потсетува дека слободата и историската вистина мора да се ценат и ревносно да се бранат“.

Ова е пораката што претседателот на Република Бугарија, Румен Радев , ја испишал на својот официјален ФБ профил , само неколку часа по заедничката македонско-бугарска прослава на годишницата од Илинденско востание во бугарскиот град Благоевград.

Присуствуваше македонска делегација, предводена од премиерот Заев, кој заедно со неговиот бугарски колега Борисов положија венец на споменикот на Гоце Делчев.

Радев не е единствениот политичар од Бугарија, кој упатува ваква провокативна и непринципиелна порака и по потпишувањето на Договорот за добрососедство.

 

Илинденско-Преображенското въстание е героичен и трагичен венец на българското революционно движение за свобода и национално обединение.

С решителност и жертвоготовност, без надежда за помощ отвън, българите от Македония и Тракия се вдигнаха в отчаяна, но достойна битка за справедливост.

Въстаниците издигнаха великото кредо на нашата национална революция – „Свобода или смърт“. В борбата паднаха мнозина, защото съзнаваха и приемаха, че собственият им живот е историческата цена на свободата.

Тяхната саможертва почитаме и не забравяме. Илинден ни напомня, че свободата и историческата истина трябва да се ценят и ревностно да се отстояват.

АКО.мк