Бугарските европратеници издејствуваа амандмани за заштита на ,,бугарското малцинство“ во Албанија

Бугарските европратеници Ангел Џамбаски и Андреј Ковачев на своите официјални пратенички интернет страници на Европски Парламент објавија историска победа во однос на третманот на ,,бугарското малцинство“ во Албанија во областите Преспа, Голо Брдо и Гора. Станува збор за македонското малцинство што живее во Албанија , но тие водат битка за негова асимилација и овојпат успееја да протнат неколку амандамени во Резолуцијата за напредокот на Албанија , а конкретно во Годишниот извештај за заштита на малцинаствата во Албанија.

Според нивната објава, на денешното пленарно заседание на Европарламентот во Стразбур, во документот во финалниот текст е влезена интервенцијата на Џамбаски и Ковачев според која и се укажува на Албанија да се заштитат правата на сите малцинства кои живеат таму, а се препорачува Бугарите кои живеат во областите Преспа, Голо Брдо и Гора да бидат вклучени во институциите на системот и тоа да биде практично гарантирано.Европратениците наведуваат дека во Албанија живеат меѓу 50 и 100 илјади Бугари кои чекаат и официјално да бидат признаени како бугарско малцинство.

На овие активности на бугарските европратеници реагираа претставници на македонското малцинство во Албанија, но не и официјално Скопје.