Бугарското МНР официјално соопшти дека Борисов и Захариева ги откажаа средбите со Иванов

,,Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасна е и позицијата на македонскиот претседател. Бугарската влада не гледа причини да биде употребена во внатрешните политички односи уи дебати во Македонија. Клучно за развојот на нашиот сосед е интеграција во НАТО и ЕУ и не гледаме причина тоа да биде доведено во прашање,“-стои во официјалното соопштение на бугарското МНР, по информациите за откажување на средбата со претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, кој е во дводневна официјална посета на Бугарија и ќе има средба само бугарскиот претседател.

Бугарската министерка за надворешни работи на 15 и 16 јуни ќе дојде во официјална посета на РМ.