Премиерот Зоран Заев на почетокот од изјавата по средбата со градоначалникот на Солун упати сочувство заради жртвите во големите поплави во соседна Грција.

Заев искажа големо задоволство заради пријателската средба со Јанис Бутарис, кој секогаш е добродојден во Македонија , рече премиерот.

Тој најави лична, но и поддршка во името на Владата за сите конструктивни идеи од интерес за двете земји.

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, изјави дека го поканил премиерот на приватна посета во Солун за да ги поминат заедно Новогодишните празници.

Тој рече дека денеска е тука во една протоколарна посета и средби со повеќе претставници на државните институции, а најави дека ќе побара интензивирање на соработката на локално ниво меѓу двете држави.

Бутарис најави дека ќе работи на организирање средба меѓу Заев и Ципрас во Солун.

Политичарите од двете земји имаат обврска да ги отворат перспективите за своите граѓани,рече Заев. Тој рече дека е дојдено време кога политичарите мора да престанат да мислат што ќе изгубат кај гласачите, и да се посветат на решавање на долгогодишните проблеми, вклучувајќи го и проблемот со името.

Во тој контекст , премиерот Заев најави дека сериозно ќе размисли дали да ја прифати поканата од Бутарис, па дури додаде дека би било добро заедно со грчкиот премиер таму да ја поминат заедно и новогодишната ноќ.