Бучковски има една година да ги затопли односите со Бугарија

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 25-та седница го именуваше поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник на нашата земја за Бугарија. 


Именувањето е со мандат од една година, а целта да се назначи специјален претставник е да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство., се вели во соопштението од Владата.

Нема информација под чие раководство ќе работи , зошто не се доволни министерот за надворешни работи и за евроитеграции и колкав ќе биде паричниот надоместок за Бучковски.