Бујар Османи демантира дека е донесена одлука за коалиција со ВМРО ДПМНЕ

Портпаролот на ДУИ излезе пред седиштето на ДУИ за да ги демантира, како што рече, сите шпекулации, бидејќи на претседателството се уште се дебатира за сите пет опции, но не се ниту блиску за договор за конечно решение.

Тој рече дека ДУИ е само во коалиција со граѓаните и дека ситуацијата е премногу сериозна за да се шпекулира. Османи рече дека ДУИ е единствена и нема никакво разединување меѓу членовите на партијата. Тој тврди дека Али Ахмети ја има целосната поддршка од сите членови и претседателството, но тој не сака сам да носи одлука, туку да ги чуе сите мислења.

Претседателството на ДУИ продолува со заседавањето во седиштето во Мала Речица.