Бујар Османи најави ,,уште повознемирувачка бројка“ на заразени од коронавирус

Денешната порака што вицепремиерот, Бујар Османи, преку своите профили на социјалнте мрежи што им ја упати на сограѓаните Албанци, е вознемирувачка.

Тој ги предупредува дека има голема веројатност да се заразат од коронавирус и изнесува информација дека денешните бројки на новозаразени се поголеми од оние изминатите денови.

,,Можноста да бидете позитивни или да стапите во контакт со некој кој е позитивен во последните неколку дена е многу голема. Затоа апелирам да се однесувате како да сте позитивни(на коронавирус) и како сите што ги контактирате да се позитивни. Не треба многу да се заштитите:

  • не верувајте во сите теории на заговор
  • носењето маската го намалува преносот на вирусот за 79%
  • не предизвикувајте смрт на вашите роднини

На крајот од својата порака Османи додава:

,,П.С. Денеска бројката е уште повознемирувачка!“

Откако вирусот почна повторно да се шири по масовните прослави на рамазанските празници, Бујар Османи секојдневно им дели совети на своите сограѓани.

Пред Рамазан, како  главен координатор на кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од Ковид-19, уверуваше дека верниците ќе се однесуваат одговорно и застана на страната на ИВЗ која самоволно објави дека нема да ја почитува мерката за забрана за собирање за најголемиот муслимански празник.

Верските објекти ги запазија мерките за заштита, но не и голем број верници околу храмовите, низ населбите и во своите домови.