Вакцината против Ковид 19 на американската ,,Модерна“ е ефикасна 94,5 насто

Вакцината против корона вирусот произведена од американската компанија за биотехнологија ,,Модерна“ е ефикасна 94,5 проценти, пренесува Си-Ен-Ен.

Според изјавата на доктор Ентони Фаучи, член на кризниот штаб за борба против Ковид 19, овие резултати се многу охрабрувачки.

-Не може да биде подобро-изјави Фаучи.

Ова е втора вакцина од американска компанија по онаа со 90 процентна ефикасност на компанијата Фајзер.

Фото:theverge.com