Вакцинирање за Ковид 19 најрано на почетокот на 2021 година

Извршниот директор на СЗО за вонредни состојби, Мајк Рајан, изјави дека научниците и истражувачите добро напредуваат во создавање безбедна вакцина против Ковид 19, но дека не може да почне вакцинирањето пред првата половина на идната, 2021 година.

СЗО веќе прави планови и обезбедува ресурси за навремено дистрибуирање на вакцината, но сепак Рајан предупредува дека е клучно во меѓувреме да се сопре ширењето на вирусот.

СЗО има цел вакцината за Ковид 19 да ја направи достапна за сите во светот.