Валтер Штанмајер ќе биде идниот претседател на Германија

Коалициската влада што ја раководи Ангела Меркел постигна договор актуелниот шеф на дипломатијата Франк Валтер Штанмајер да биде кандидат за иден претседател на Германија.

Со овој договор практично е загарантиран изборот на 6о годишниот Штанмајер за функцијата претседател, затоа што тој се гласа во Бундестагот. Тој воедно е и најпопуларниот политичар во Германија.

Според политичката традиција во Германија, коалициските партнери ЦДУ и ЦСУ и социјалдемократите СДП, треба заеднички да изберат кандидат за претседател, кој секогаш со своите карактеристики мора да е над тесно-политичките интереси.

Мандатот на актуелниот претседател Јоаким Гаук завршува во 2017, а новиот ќе се бира на 12 фебруари во Сојузното собрание.